Романскиот Парламент денеска изгласа недоверба на Владата на премиерот Лудовик Орбан.
За недоверба гласаа 261 пратеник, а за да помине предлогот потребни се 233 гласа.
Гласањето за недоверба го предложи опозициската левичарска Социјалдемократска партија, која се обидува да се врати на власт откако изгуби на изборите во октомври минатата година.
Партијата го критикуваше Орбан поради обидите за измени на изборните закони пред локалните избори закажани за јуни.
Политичките аналитичари во Романија сметаат дека Орбан има големи шанси да формира коалициска влада по парламентарните избори закажани за крајот на годинава и да ја врати довербата на инвеститорите, разнишана по неколку години политичка нестабилност.
Според последните анкети, Либералната партија на Орбан двојно ја зголеми поддршката на гласачите на околу 47 проценти од парламентарните избори во 2016 година, додека поддршката за Социјалдемократската партија се преполови на 20 проценти во истиот период.