Студентот по индустриски дизајн Алекс Барбу, од Брашов, Романија го прикажа споменикот „Илинден“ во Крушево, попознат како „Македониум“ во поинакво светло.
„Идејата зад сликата со Македониум е вид на синтеза на нешто за кое размислував подолго време. Се повеќе и повеќе ме интересираат реликвиите од старата социјалистичка ера и култура.
Чувствувам длабоко поврзување со естетиката на тие стари, заборавени парчиња историја отелотворени преку старата комунистичка архитектура и споменици. Го открив „Македониумот“ додека истражував за старите советски споменици кои ги употребувам како инспирација за мојот проект и веднаш се заљубив. Продолжив да читам за него и неговото значење за македонската култура . Го открив феноменот на ‘споменикот’ во социјалистичката ера и одлучив повеќе да истражувам и дефинитивно да создадам нешто од тоа“, вели тој за Радио МОФ.
Неговата идеја е да ги визуелизира сите споменици и реликти од социјалистичката ера, како стари парчиња уметност и да создаде уникатни визуелизации кои ќе доловат што тие претставуваат за луѓето.
„Дали ќе успеам да го направам тоа што го имам наумено? Не знам во моментот, ова е амбициозен проект кој дефинитивно бара многу работа“, вели тој.
Извор: Радио МОФ