Романски пратеник „разапнат“ на фејсбук за изјавата дека Исус е роден од сурогат мајка

by fokus

Пратеникот на Унијата за спас на Романија, Јулијан Булаи доби многу критики откако објави на Фејсбук дека Исус Христос е роден во „чудно семејство“ со „сурогат мајка“ и „татко кој прифатил татковство без да придонесува за тоа“.

На Божик по Грегоријански календар, пратеникот Булаи во статус на Фејсбук го спореди општеството во Витлеем пред 2000 години со „неуспешните“ општества во денешна Романија.

– Едно дете. Сиромашно и потекнува од чудно семејство… Се појави на свет без неговите родители да водат љубов. Со сурогат мајка и татко кој го прифаќа татковството без да придонесува за тоа. Отфрлено од општеството… Неговото раѓање ги покажува необичностите и ограничувањата на општеството во кое се појави… Неговата судбина денес ја делат многу деца во Романија кои сепак не добиле родителска љубов, напиша романскиот пратеник на својот Фејсбук профил, предизвикувајќи голем број негативни реакции.

Во објавата на ФБ тој додава дека во државата има над 50.000 деца кои се грижа на државата, и дека годишно само 3.000 деца се посвојуваат. МИА

Поврзани новости