Романка скокнала да се самоубие, но паднала врз случаен минувач – ја убила 60 годишната жена

by Fokus

Романката Илеана Кристеа (60) загинала откако жена која се обидела да се самоубие паднала врз неа од 5-тиот кат во зграда во главниот романски град Букурешт, јавуваат романските медиуми.

Информациите се дека Илеана на 25 октомври ја напуштила зградата во која живее и се упатила кон автобуската станица. Таа имала две деца и работела како сметководител во Националната служба за вработување. На половина пат до автобуската станица, врз неа паднала жена која скокнала од 5-тиот кат од зградата.

Жената која скокнала, паднала врз Илеана од висина од 20 метри, а стручњаците наведуваат дека тоа е како да ја удрил автомобил со брзина од 60 км/ч. И двете после падот биле свесни, а случајните минувачи веднаш повикале брза помош.

Жената која скокнала од зградата продолжила да се извинува вечејќи дека погледнала пред да скокне за да се увери дека никој не поминува.

Илеана вечерта починала во болница, а жената која сакала да си го одземе животот поминала само со полесни повреди.

Семејството на жртата најавило тужба и ќе бара отштета.

Поврзани новости