На територијата на Романија, членка на НАТО, пронајдени се делови од можен дрон, соопшти денеска Министерството за одбрана по нападите со руски беспилотни летала врз Измаил на југот на Украина, веднаш преку границата.
Нападите на украинските речни пристаништа, на само неколку стотини метри од романската граница, ги зголемија безбедносните ризици за НАТО, чии членки имаат взаемна одбранбена обврска.
Доколку се потврди, тоа ќе биде трет пат вакви фрагменти да се најдат на романска територија во последните неколку дена.
-Екипажот на хеликоптерот ИАР 330 Пума на романските воздухопловни сили…идентификуваше фрагменти, кои најверојатно потекнуваат од беспилотно летало, расфрлани на површина од неколку десетици метри, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. .
Романското министерство за одбрана соопшти дека фрагментите биле видени во областа на градовите Нуфарул и Викторија, во областа Тулчеа. Претходно Министерството за одбрана соопшти дека службите за итни случаи примиле повици за можни случаи на пад на беспилотни летала во областа. Тие рекоа дека ќе објават дополнителни детали откако нивните тимови ќе ја завршат истрагата на теренот.