Министерството за внатрешни работи на Романија соопшти дека пред неколку дена постигнало политички договор со надлежните министерства во Австрија и Бугарија за проширување на Шенген зоната со Букурешт и Софија на воздушните и морските граници почнувајќи од март 2024 година, пренесува Агерпрес.
На 26 и 27 декември по дипломатски пат се разговараше меѓу министерствата за внатрешни работи, министерствата за надворешни работи и на ниво на дипломатски претставништва акредитирани во ЕУ за предлог-одлуката на Советот за правно инкорпорирање на овoj политичка договор, според соопштението на романското Министерство за внатрешни работи, а продолжението на разговорите ќе се одржи денеска.
“По 13 години Романија конечно ќе влезе во Шенген! Имаме политички договор за ова! Од март следната година Романците ќе имаат корист од предностите на Шенген зоната по воздушен и морски пат. Имплицитно, пристаништето Констанца експоненцијално ќе го зголеми своето значење“ напиша на Фејсбук романскиот премиер Марсел Чолаку, додавајќи дека е убеден дека Романија ќе ги затвори преговорите за копнената граница следната година.