3
Романците денеска избираат нов претседател од 13 кандидати, а најголеми шанси имаат премиерот Марсел Чолаку, кој е поддржан од најголемата романска партија – Социјалдемократската партија и лидерот на десничарската Алијанса за обединување на Романците, Џорџ Симион.
Право на глас имаат нешто повеќе од 18 милиони Романци, а во странство живеат над 989.000 гласачи. Гласањето во странство почна завчера.
Најмладиот кандидат за претседател на Романија има 37 години, најстариот – 66.
Меѓу нив има искусни политичари и претставници од различни професии – ветеринари, новинари и адвокати, поранешен генерал и поранешен офицер.
Главен фаворит на претседателските избори е актуелниот премиер Чолаку.
Гласањето ќе заврши во 21 часот по локално време.