Рок групата Ролинг Стоунс вчера објави дека се подготвува да го објави новиот студиски албум Хакни Дајмондs, прв со авторски песни во последните 18 години и прв по смртта на тапанарот Чарли Вотс, јавуваат светските медиуми.
На денешната промоција во Лондон ја објавија првата песна од албумот именувана како „Angry“ а соопштија дека албумот ќе биде достапен за јавноста на 20 октомври.
Нејзиниот последен сингл со тапанарот Чарли Вотс, „Living In A Ghost Town“, беше објавен за време на пандемијата на ковид во 2020 година и е една од серијата песни создадени по „Blue And Lonesome“.
Бендот најави дека ќе објави детали за албумот денес, на настан во лондонската област Хакни, каде што ќе бидат присутни преживеаните членови на бендот Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд. Вуд ова го изјави во Тунајт шоу чиј водител е Џими Фалон.