Рокот истекува на полноќ, а инвеститорот се уште не ја урнал дивоградбата во Мавровка

by Фокус

Денеска истекува рокот во кој инвеститорот на објектот во Мавровка можеше сам да ја отстрани дивоградбата која никна на место на изгореното кафуле „Фонтана“.

Доколку до полноќ објектот не го урне инвеститорот, обврската ја презема општина Чаир, која воедно и распиша тендер за да ангажира фирма која ќе урива дивоградби на територија на општината.

Неколку дена на градилиштето нема работници, а општина Чаир преку објави во весници го информираше инвеститорот дека гради нелегално.

Начинот на кој никна објектот во Мавровка веќе го истражува и МВР преку единицата за компјутерски криминал.

Кога ќе заврши истрагата полицијата ќе го извести и обвинителството.

Поврзани новости