Рокерот и менаџер на многу познати музичари, Сашко Андриески Сале промовираше своја авторска песна.
Во својот препознатлив рок стил, тој ја снимил нумерата ,,Македонија” зад која застанал докажан авторски тим.
Текстот е на Огнен Неделковски, музиката на Бојан Станимировиќ од ,,Амадеус Бенд” и инструменталистот Алек Петковски, а аранжманот е на Дамир Имери.
Како што појаснуваат од тимот на Сале, песната ,,Македонија” е снимена во студиото ,,City sound”, а продукцијата и миксот/мастерингот се на Љупчо Соколовски.
-Песната е визуелизирана со видео кое содржи преубави кадри од прекрасните убавини на Македонија, а неговата реализација ја потпишуваат дури две видеопродукции ,,Куба видео” и ,,ДРД медиа”.
Оваа нова тема на Сале е полна со национални чувства, патриотски набој и родољубиви емоции кон единствената татковина. Токму затоа, беше промовирана на големиот македонски празник Илинден, изјавија од неговиот тим.