Веќе неколку недели трае големата турнеја низ Америка на балканската фолк ѕвезда Лепа Брена, а специјален гостин на нејзините концерти е охридскиот рокер Александар Јосифовски.
Младиот музичар кој стекна голема популарност во регионот по учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои второто место, имал свој едночасовен настап за време на концертите, со популарни рок песни, а по него на сцената излегувала Лепа Брена, со својот фолк репертоар.
За тоа дека комбинацијата од рок и фолк се покажала како добитна, кога се Балканците во прашање, доволно кажуваат фотографиите од настаните кои Јосифовски ги објавува на социјалните мрежи.
Рок за загревање, а потоа познати фолк рефрени за продолжување на добрата атмосфера, е она по кое оваа турнеја на Брена и Александар ќе биде запаметена.
Музичарите веќе одржаа концерти во Чикаго, Атланта, Детроит, Њу Џерси, Кливленд… Ги очекуваат концерти и во Финикс и Далас.
Вики Клинчарова