183
Поединечни признанија беа доделени и по финалето на 17. Европско првенство.
Најдобар играч на Шампионатот е шпанскиот репрезентативец Родри.
За најдобар млад играч е прогласен шпанскиот фудбалер, Ламине Јамал, кој наполни 17 години ден пред финалето.
Тој влезе во историјата на европските првенства како најмлад играч досега и како најмлад стрелец, бидејќи во полуфиналето го совлада францускиот голман.
Кралот на Шпанија на двајцата им честиташе на подиумот кога ги примија трофеите.
The world is at his feet 🌍#EURO2024 pic.twitter.com/ylFyJwq0YP
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) July 14, 2024