Роднини се истепале во Шутка, биле нападнати и деца

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, шест лица учествувале во меѓусебна тепачка, а биле нападнати и деца, информираат од МВР.

„На 30.03.2022 во 18.35 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Р.Д.(40) од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во дворот од нејзината куќа, нивните роднини Е.Д., Н.Д., Н.М., Џ.Д. и Ш.К. физички ја нападнале неа, при што употребиле и тврди предмети, а физички ги нападнале и нејзините деца. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости