504
Денеска се приведени две лица кои дошле во ГОБ „8-ми септември“ и барале да се земе телото на нивната блиска роднина која починала од корона вирус со цел тие да го однесат на обдукција, објави ТВ21.
Откако надлежните во болницата им посочиле дека во протоколите за обдукција се предвидува чекање од 2 часа, а потоа со погребно возило телото ќе биде префрлено на патологија, роднините на починатата започнале да се закануваат со оружје кон докторка.
Од МВР го потврдуваат инцидентот без дополнителни информации.
Полициски службеници се на терен, а против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.