– Беа одржани родителски средби во некои гимназии. Родителите, со огромно мнозинство застанаа зад учениците. Им се врши притисок и на наставниците и на децата. Според Законот, глоба за родителот е предвидена за недоаѓање на настава повеќе од 24 дена. Родителите одбиваат нивните деца да бидат третирани како криминалци и притоа да ,,оправдуваат“ часови со лажна медицинска белешка или изјава. Децата се на училиште, а не надвор од него. Оттука, училиштето е толку нивно , колку и на директорите и на просветните инспектори. Се врши притисок врз класните раководители да запишуваат цели класови со неоправдани изостаноци. Според таа логика, само за 4 дена бојкот, цели училиште ќе бидат ,,исклучени“ – се наведува во информацијата што беше испратена до редакцијата на „Фокус“.
Средношколците, по примерот на студентите, аулата на гимназиите ги претворија во автономни зони, каде се одржува алтернатива настава, се слуша музика….