Родителите не ги пуштаат децата на училиште во основното училиште „11 Октомври“, бидејќи нивните наставници штрајкуваат, а на нивно место се донесени заменски наставници. Тие се спротивставија на кадровските решенија на директорката на училиштето, се додека не ги врати досегашните наставнички, пишува А1он.
Родителите, новите вработувања ги пријавиле и во инспекциските служби бидејќи не биле почитувани законските процедури.
-Не е испочитуван законскиот рок од осум дена за жалба на решението. Во четртокот е разрешената досегашната одделенска наставничка, а во петокот и е дадено решение на новата одделенска наставничка, без да се испочитува рокот од осум дена за жалба. Во петокот дојде до компромисно решение, откако се заканивме дека ќе заминеме при претставувањето на новата одделенска наставничка. Но денеска повторно ја донесе истата, иако нема едукација за програма по Кембриџ. Директорката на тоа одговорила дека за два дена ќе ја обучела. Поради ова шеесет деца од второ одделение денеска не се на училиште и нема да одат ниту утре, ниту понатаму, се додека трае самовилието на директорката – вели родител за А1он.