Родителите на злоставуваната малолетничка си ја бараат ќерката назад

by Фокус

Шефки и Фикрија Ибраим, родители на злоставуваното 13-годишно девојче, штитеничка на домот „25 мај“, си ја бараат назад ќерката. Тие за телевизијата 24 вести велат дека за нејзиниот абортус дознале од медиумите.

-Сакам да се врати дома, не знам што и направиле. Без родители не е добро. Да чекаме пак да забремени? Заради нив бев во затвор три години – вели Фикрија Ибраим.

Таткото Шефкија, пак, тврди дека неговата ќерка неколку пати го информирала за нејзиното сексуално злоставување, по што тој пријавувал во полиција, но, според него, не се преземале никакви мерки.

-Да беше кај мене немаше вака да биде. Се плашам за неа. Девојчето крвари, се јавува, вика тато се плашам, дојди, ќе умрам. И реков во понеделник да земам дозвола од социјалното и да одам да ја видам – вели Ибраим.

Инаку, тие живеат во прифатилиштето за бездомни лица Чичино село, а нивното родителско право било одземено кога малолетничката имала 6 години.

 

Поврзани новости