И во оваа последна среда од годинава, родителите на учениците кои беа убиени во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград се собраа утрово точно во 8 часот и 40 минути, точно во времето кога, како што се претпоставува, почнал масакрот.
Ним им се придружија пријатели и познаници чии деца го посетуваат ова училиште, како и многу граѓани кои немо оставија цвеќиња и запалија свеќи за настраданите.
Во еден момент, како и минатата недела, родителите ја обоија таблата „училиште“ пред влезот, но овој пат истурија црвена боја, во спомен на загинатите деца.
Иако пред училиштето имаше повеќе луѓе од претходно, сепак собирот помина мирно и тивко.
Со алат отстраниле и една буква од натписот училиште на асфалтот, за и откако дождот ќе ја измие бојата, да се види дека зборот не е целосен и дека „училиштето повеќе не е училиште“.