Родителите на момчето кое денеска уби осум соученици и чуварот во основното училиште каде што учел биле добро ситуирани и барале од него да постигнува добри резулатите на училиште, откри српскиот претседател Александар Вучиќ.
-Откако слушав и читав различни приказни за тоа како децата и родителите се борат да преживеат. Овде сè е спротивно. Овие луѓе се добро ситуирани. Нивниот приход не е помал од 300.000. Зборот е за луѓе кои биле примерни, кремот на општеството. Лекар и професор. Таткото направил еден прекршок во животот. Чиста биографија, рече Вучиќ.
Како што раскажа Вучиќ, тој побарал од родителите да биде префрлен во друг клас на училиште. Бил најдобриот ученик и сите го избегнувале. Барал да го префрлат во клас каде што има тројца другари. Немал што да каже за неговите родители, освен што барале од него подобри резултати. А нешто послаби резултати имал само кога бил заљубен. Не се снашол ни во новото одделение и се одлучил на монструозен чин. Тој го чекал денот и се подготвувал. Три пати бил на стрелиште со татко му.