Родителите на Леонид не побарале мислење за лекување во нашите установи, заминувањето во Виена е на барање на семејството, вели Манолева

by Fokus

Родителите на Леонид не побарале никакво мислење од соодветните институции за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно рехабилитација во нашите установи, изјави денеска заменик министерката за здравство Маја Манолева, одговарајќи на новинарско прашање дека родителите тврдат оти немало услови за негово лекување во земјава.

Таа трвди дека заминувањето на Леонид во Виена било на лично барање на неговите родители.

Одлуката да не се финансира лекувањето во Виена доаѓа по даденото мислење од Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ , но и доставената фактура од клиниката во Виена, рекоа денеска Генералните директори на ФЗОМ, Магдалена Филиповска Грашковска и Асаф Абдурамани. Како што појаснија, не било концизно наведено за каков третман стануба збор, биле наведени само физикални третмани, за што велат дека согласно правилникот не е предвидено финансирсње.

Заменик министерката Манолева рече дека семејството не побарало обезбедување на документација за лекување во странство и дека првично треба да се исцрпат домашните ресурси, па доколку нема да се бара рехабилитација и лекување во странство.

Според неа, од специјалната комисија, која одлучуваше дали државата треба да го финансира лекувањето, треба да одговорат на прашањето каде во Македонија може да му биде обезбедено комплетно лекување на Леонид, со оглед на тоа што во решението беше наведено дека услови за негов третман има и овде.

За превозот со хелихоптерот, таа објасни дека се случил откако семејството се јавило во ЦУК и побарало транспорт до болницата во Виена.

Поврзани новости