Пресудата за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград во кој момче-убиец на 3 мај 2023 година уби 10 лица, девет ученици и училишен чувар, ќе има на 30 декември, пишуваат српските медиуми.
Родителите на Коста К., момчето-убиец, во своите завршни зборови се оградија од злосторот што го извршил нивниот син велејќи дека немале влијание врз неговата одлука:
– Тој сам решил да го изврши злосторството. Ние немавме влијание на тоа, ниту знаевме ништо. Секое утро се молам за загинатите. Не сум виновен, го воспитав да биде добро дете – изјавил Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето.
Слична изјава имала и мајката Миљана. Според „Блиц“ и таа ја негирала вината.
– Нема зборови да ја изразам мојата тага за се што се случи. Не сакам повеќе да коментирам – рекла таа.