Родителите на децата со посебни потреби денеска поставија камп во паркот „Жена-Борец“ спроти Собранието, барајќи да им проработи свеста на сите оние, кои се надлежни да направат нешто за нивните деца.
– Потребата од квалитетна терапија и од испитувања, стручен кадар кој ќе им помогне во грижата за децата со посебни потребни, сместување за повозрасната категорија на деца со посебни потреби. Се ова им е потребно на нашите деца. „Физички (сме тука н.з.) за да можат при очи да не видат, при уши да не слушнат. Ние не сме против никого, во ова нема политика. Има закони кои гарантираат права за нашите деца… Ние родителите се нудиме како волонтери, нашите имоти, животи ги нудиме и сакаме да бидеме партнери со институциите и секој оној кој сака да ни помогне – истакна еден од родителите.
Фото: Радио МОФ