Родителите на исчезнатата Данка Илиќ (2), по која се трага веќе петти ден, предмалку излегле од полициската станица во Бор каде беа на распит, јавуваат српските медиуми.
Како што е познато, тие одговориле на неколку прашања на полицијата, а потоа ги напуштиле просториите на ПУ во Бор.
Разговорот бил информативен. Секоја нова информација што ја добивале била проверувана. Акцентот бил ставен на мајката бидејќи таа последна го видела детето и го повикала сопругот и полицијата.
За потсетување, двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле во Бор, а потрагата по неа трае со денови. Полицијата со денови го чешла просторот во Бањско поле, родителите на детето неколкупати биле испрашувани, но нема трага што се случило со двегодишното девојче.
Во текот на претходните денови властите употребија тешка механизација за чистење на просторот околу имотот на семејството Илиќ во Бањско поле, а вчера две специјалистички екипи за спасување од урнатините од Белград и Нови Сад, од Одделението за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи. Тие започнале детално пребарување на просторот околу куќата пред која исчезнало двегодишното девојче.
Инаку, денеска по петти пат мајката на Данка Илиќ, Ивана Илиќ дојде во полициска станица во Бор на информативен разговор.
Мајката на девојчето дошла сама пред полициската станица и влегла внатре скоро незабележано, криејќи се меѓу колите. Неколку чекори пред неа бил нејзиниот сопруг Милош, таткото на Данка, кој во полиција дошол во придружба на семејството – пренесува репортерка на српски „Блиц“.