Родителите и старателите на учениците и во новата учебна 2021-2022 година преку електронскиот дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште. Извештаите ќе можат да ги прегледуваат со едноставно најавување во системот, за што е изработено соодветно упатство кое може да може да се погледне на следниот линк.
„Неделните извештаи содржат информации за наставните содржини кои се реализираат, како и за активностите, оценките и поведението на учениците за време на престојот во училиште.
Дополнително, родителите и старателите на неделна основа ќе добиваат и СМС пораки на нивните мобилни уреди, согласно наведените телефонски броеви во електронскиот дневник.
Упатство за сите функционалности на системот е-дневник, како и видео упатства за родителите/старателите се објавени на страницата https://ednevnik.edu.mk/ во менито упатства.
Дополнително одговори на најчесто поставуваните прашања можат да се најдат во менито ЧПП, а за дополнителна корисничка поддршка, се испраќа порака преку контакт формата во менито контакт“, велат од МОН.