Родители, внимавајте! Во сообрајќајот, вие сте примерот кој го следат вашите деца!

by Fokus

Ги учиме децата да бидат воспитани и културни, да ги почитуваат и поздравуваат повозрасните, да бидат добри ученици и да ја чуваат животната средина. Ги учиме децата странски јазици, компјутери, математика, итн. Знаењето е богатство и секое знаење е добредојдено. Но , се  поставува прашањето,  дали доволно ги учиме децата за тоа како да се однесуваат во сообраќајот, како безбедно да ја поминат улицата, како да ги препознаат ризикот и опасностите во сообраќајот? Секое незнаење има своја цена, незнаењето во сообраќајот чини загубени човечки животи.

Почитувани родители! Да ги научиме децата како безбедно да поминат улица, да ги научиме безбедно да користат јавен превоз. Да не ги оставаме малите деца од предучилишна возраст сами на улица, а исто така да се погрижиме и за нивнта безбедност додека се вклучени во сообрајќајот! Децата треба да користат детски седишта, појаси и заштитни шлемови, а децата до десетгодишна возраст да не возат велосипед на јавен пат или улица! Исто така , не дозволувајте деца да седат на предното совозачко седиште!

Родителите пак, на повозрасните деца кои се подготвуваат да станат возачи би требало одговорно да го запознаат своето дете со сериозноста од вклучувањето во сообрајќајот како возач. Би можеле , заради поголема безбедност на младите возачи, почетници,  да се погрижиме да им обезбедиме дополнителни часови за обука, со возач инструктор или со друг искусен возач  кој ќе им даде насоки за тоа каков треба да биде односот на младиот возач кон децата во сообрајќајот, кон пешаците и велосипедистите. Обуката би можела да опфати обука за вешто возење во услови на дожд, магла, замрзнати коловози и во услови на ноќно возење.

Родители! Грижете се за безбедноста на вашите деца во сообрајќајот! Секое ваше однесување, децата го прифаќаат како свое. Затоа да се погрижиме да имаме безбедни деца кои ќе бидат безбедни учесници во сообрајќајот.

 

Поврзани новости