Мајка и татко од Индијана (САД) се зад решетки откако се осомничени дека наводно ги убиле нивните две деца, а потоа ги запалиле нивните тела во нивниот двор.
Стивен Вол (31) и Саманта Себела (25) се соочуваат со обвиненија за убиство, занемарување на зависно лице кое резултирало со смрт, злоупотреба на труп и непријавување мртво тело, пишува Law&Crime.
Канцеларијата на шерифот на округот Џаспер соопшти дека полицајците започнале истрага на 20 септември, откако наводно им признале на пријателите дека убиле две деца и ги запалиле нивните тела во Витфилд.
Полицијата ги нарече починатите деца „недокументирани“, што значи дека најверојатно се родени дома и никогаш не добиле документација како што се изводи од матичната книга на родените, матичен број и слично.
Детективите ги пронашле Вол и Себела во хотел во округот Њутн. Тие негирале убиство, но полицајците како доказ им ги одзеле телефоните. Во меѓувреме им било одземено и третото дете кое било без документи.
На 30 септември, Канцеларијата на шерифот, во државната полиција на Индијана, округот Џаспер, заедно со две кучиња трагачи дошле во имотот на Витфилд каде што живееле Вол и Себела.
„Со соработка на сопственикот на земјиштето и сегашните станари, започна потрагата и кучиња трагачи сигнализираа на три различни локации на имотот. Прелиминарниот претрес на овие локации откри делумни фрагменти од коски“, напишале полицајците.
Полицијата ги однела фрагментите од коските кај експерти во Индијанаполис на анализа за да се утврди дали се работи за луѓе или животни. Според соопштението од Канцеларијата на шерифот, тие биле решени дека се работи за човечки коски.
Инспекторите повторно ги испрашуваа Вол и Себела во четвртокот кога „на виделина излегоа нови информации“.
Судијата утврдил дека има доволно основи за нивно апсење. Полицајците ги одвеле во притворниот центар на округот Џаспер, каде што се притворени, пренесуваат локалните медиуми.