4
По година и пол поминати во болница, најмалото бебе во Британија конечно пристигна дома.
Робин Чемберс е родена со само 312 грама, а нејзините родители Даниел и Шантел велат дека сега конечно може да започне нивната бајка.
Робин веднаш по раѓањето почнала да се соочува со бројни здравствени проблеми, поради што првите 18 месеци од животот ги поминала во болница. Битките со хипоксично-исхемична енцефалопатија од трет степен, церебрална парализа, епилепсија и тешка апнеја доведоа до тоа да мора да се храни преку назогастрична цевка.
Како сето ова да не беше доволно, Робин мораше да се справи и со инфекција на белите дробови од која за малку ќе завршеше трагично. Но, за среќа тоа се среди.
„Бевме многу возбудени што ја вративме дома – тоа беше како остварен сон“, рече нејзината мајка Шантел.
Иако сега е во топло семејно гнездо, борбата на малата Робин се уште не е завршена. Нејзините родители сега мора да соберат средства за потребните третмани, терапии и опрема потребни за нејзиниот развој.
За тој „луксуз“ им требаат 100.000 фунти, а од собраните пари планираат да и купат специјалистичка опрема како трицикли, колички и седишта кои ќе и помогнат во развојот.
„За малку ќе ја изгубивме во мај, и беше многу тешко време кога доби инфекција на белите дробови, но оттогаш таа само стана посилна. Во последните три месеци, таа се опорави навистина е добро и е доволно здрава за да ја однесеме дома“, рече Шантел, пишува „Daily Mail“.