468
Славниот музичар Род Стујарт одби да замине за Катар, иако му понудиле над милион долари за да настапи на Светското првенство.
Пред 15 месеци ми беа понудени многу пари, над милиони долари, за да настапам таму. Ги одбив. Не е во ред да се оди таму. И Иранците треба да ги исклучиме од сè, поради снабдување со оружје – истакна 77-годишниот музичар за Sunday Times.
Коментарите на Стујарт следат по критиките за Дејвид Бекам, кој наводно ќе биде платен со 10 милиони фунти за да биде амбасадор на таа земја.
Претходно, беше објавено дека во Катар ќе настапи и Шакира.
Фудбалерот е жестоко критикуван поради прифаќањето пари од земја во која хомосексуалноста е незаконита, со оглед на тоа што претходно беше сметан за голем сојузник на ЛГБТ заедницата.