511
На 17 септември продолжува судењето за предметот „Насилство во Центар“, поради промена на адвокатот на еден од обвинетите. На барање на адвокатот со цел да се запознае со предметот, судијата Душан Јосифов го одложи рочиштето.
Во овој предмет инициран од поранешното СЈО, што сега се води од скопското Обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година