Рочиште за уништувањето изборен материјал во Чаир на изборите во 2013 година

by fokus

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот на СЈО „Титаник 3“.

Во „Титаник 3“, обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“.

Обвинетите на претходните рочишта кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвинителката Фатиме Фетаи, но оти не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и, како што е наведено, имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ.

Адвокатите на Аљими и Гури пред Судот кажаа дека со повеќе докази во текот на постапката ќе докажат оти нивните клиенти не се виновни, како и дека во спорниот момент на обвинението немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО.

Минатото рочиште за „Титаник 3“ не се одржа поради задолжително присуство на пратеникот Ејуп Аљими на собраниска седница.

Поврзани новости