515
Рочиште во Кривичниот суд ќе се одржи за случајот „Тарифа“ на СЈО, каде обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски, и уште други две лица.
Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.
Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП Систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.