532
Робот ќе оперира пациенти на скопските клиники од идната година, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Според него, за почеток роботот Да Винчи ќе го користат на Дигестивна, Урологија и Гинекологија. Претходно по двајца лекари од овие клиники треба да поминат обука во Бугарија за да да можат да работат со машината.
-Предноста е што тоа е минимално инвазивна хирургија, интервенцијата трае пократко време, пократко време трае и опоравувањето на пациентот, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.