543
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Робињо е осуден на девет години затвор во Италија поради учество во групно силување.
Поранешниот член на Реал Мадрид, на Милан, на Манчестер сити, а сега на Атлетико Минеиро, е прогласен за виновен за сексуален напад врз 22 годишна Албанка во дискотека во Милано во јануари во 2013 година.
Ова е второ обвинение за силување со кое се соочи Робињо. За исто казнено дело врз англиска студентка во Лидс беше обвинет и во 2009 година, но тогаш обвинението беше повлечено.