Робертс: Клуниеви ме спасија од осаменост и очај

by Fokus

Педесет и четиригодишната актерка, Џулија Робертс во последните неколку години приоритет му даде на својот семеен живот, но конечно ја заврши четиригодишната пауза од снимање филмови и сега глуми со Џорџ Клуни во „Билет за рајот“.

Џулија, која ги има близнаците Финеус и Хејзел (17) и Хенри (15) со сопругот Даниел Модер, изјави: „Јас едноставно го прифаќам сето тоа што доаѓа.“

„Се трудам да бидам супер присутна и да не планирам, немам претстојни актерски работи. Да се вратам на рутината е навистина добро чувство. Сакам да бидам дома, сакам да бидам мајка.“

Во интервју за весникот „Њујорк тајмс“ таа открива: „Да се снима во Австралија беше навистина предизвик поради сите Ковид-прописи и мислам дека тоа е вистински доказ за пријателството и за креативната средина во која бевме.“

Во текот на престојот во Австралија, Џулија уживала да поминува време со сопругата на Џорџ, Амал и нивните петгодишни близнаци, Александар и Ела.

„Клуниеви ме спасија од целосна осаменост и очај“, тврди Робертс.

Поврзани новости