Роберто Кавали стана татко на 82 години, му роди син 45 години помладата девојка

by Fokus

Модниот дизајнер Роберто Кавали (82) и неговата партнерка, 38-годишната шведска манекенка Сандра Бергман станаа родители на момче.

Имено, ова му е шесто дете на италијанскиот дизајнер. Момчето ќе се вика Џорџио, како таткото на легендарниот Кавали.

„Детето се роди минатата недела во Фиренца. Тој е здрав и прекрасен. Ме обземаа емоции кога го видов. Му го дадовме името Џорџио, по мојот татко кој го убија нацистите, кога јас имав само четири години“, раскажал Кавали.

 

Поврзани новости