Со решение од министерот за култура разрешен е директорот на НУ Драмски театар, Роберт Вељановски, кој на оваа функција беше изминатите четири години.
По неговото разрешување се уште не е откриено кој ќе го наследи Драмски.
Вељановски е дипломиран актер на Факултет за Драмски уметности, Унивезритет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, а од 1997 година е вработен во Драмски театар. Покрај ова тој за јавноста е познат и по неговата поддршка за протестите на „За заедничка Македонија“, како и по неговите чести јавни настапи во кои стоеше зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно беше разрешена и Јелена Жугиќ која беше директорка на Театар Комедија. Таа се жалеше дека била бесправно отпуштена од работа, а повеќе партиски активисти посочија дека Жугиќ е „избркана“ само затоа што е политички активна за ВМРО-ДПМНЕ.