Роберт Голоб – ново лице на словенечката левица со премиерски амбиции

by Фокус

На словенечките парламентарни избори што треба да се одржат викендов, четврти пат по ред се кандидира нов човек од левиот центар со премиерски амбиции.

Овојпат тоа е поранешниот директор на државната енергетска компанија Роберт Голоб со новооснованото Движење за слобода, кое брзо стана главен конкурент на премиерот и лидер на десницата Јанез Јанша.

-Мојата мотивација е да го вратам владеењето на правото и на народот да му ја вратам демократијата, тоа е се што сакам и ќе работам на тоа – вели Голоб.

Тој е уверен дека во политиката може да го пренесе деловниот успех, кој вклучува и изградба на бројни соларни електрани низ Европа.

-Носам искуство како да изградам ново друштво и нова економија. Доаѓа време на деиндустрализација, ни треба преобразба во одржливо друштво, Словенија да ја преобразиме во зелено друштво – вели Голоб.

Во портретот што за него го прави Ал Џезеира, дел од соговорниците велат дека Голоб влегол во политика бидејќи му бил скратен директоротскиот мандат.

Доколку не било тоа направено, додаваат тие, тогаш тој би останал во енергетиката.

Како и да е, тој одеднаш стана главен конкурент на Јанша.

Но, дури и да успее да победи, сите се согласуваат дека го чека тежок процес на составување на влада поддржана од левицата.

Поврзани новости