Лидерот на словачката левица Роберт Фицо по четврти пат беше назначен за премиер на Словачка.
Тој даде ветување дека ќе ја прекине воената помош за Украина и ќе се бори против илегалната имиграција.
Претседателката Зузана Чапутова ги назначи Фицо и неговиот кабинет, откако неговата партија СМЕР-ССД победи на изборите на 30 септември и формираше коалиција со централно-левичарскиот ХЛАС и националистичките партии СНС.
Фицо поднесе оставка од функцијата премиер во 2018 година поради масовните протести против корупцијата, откако беше убиен словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак.
Овој пат тој водеше силна кампања за ветувањата дека ќе ја прекине официјалната воена помош на Словачка за Украина, ќе води независна надворешна политика од нејзините партнери во Европската унија (ЕУ) и САД и ќе стане построг во задржувањето на мигрантите кои сакаат да дојдат во Западна Европа.