Роберт де Ниро го загуби спорот со екс помошничката, треба да и плати 1,2 милиони долари

by Fokus

Роберт де Ниро ќе треба да и плати 1,2 милиони долари на поранешната помошничка Греам Чејс Робинсон.

Прославениот актер се најде на обвинителна клупа кога Робинсон го тужеше за кршење на човековите права.

Одлуката на судиите стави крај на повеќегодишната правна битка меѓу Де Ниро и Робинсон, која започна откако таа поднесе оставка од компанијата на актерот – Канал продукција.

Робинсон бараше 12 милиони долари во тужбата, наведувајќи дека била малтретирана, понижувана, недоволно платена и третирана како „канцелариска сопруга“ на Де Ниро.

Сепак, поротниците не донесоа одлука дека актерот е лично одговорен во граѓанската тужба.

Робинсон беше на платен список на Де Ниро 11 години. Вработена како негов личен асистент во 2008 година, таа подоцна беше промовирана во потпретседател за производство и финансии во компанијата.

Меѓутоа, откако се откажа во 2019 година, таа поднесе тужба за „емоционална вознемиреност и повреда на угледот“, тврдејќи дека тој често давал „вулгарни, несоодветни и родови коментари“ и ѝ доделувал „стереотипно женски“ задачи.

Де Ниро инсистираше на тоа дека никогаш не бил насилник. Иако на моменти призна дека е нерасположен, тој ги негираше обвинувањата.

Неговиот Канал поднел противтужба за шест милиони долари обвинувајќи ја за злоупотреба на средствата на компанијата, крадење имот и префрлување на повеќе од 450.000 долари на нејзината лична сметка.

Сепак, по осум дена сведочење и пет часа размислување, поротата не ја најде Робинсон одговорна за ниту едно од тврдењата на Канал продикција за финансиски малверзации.

Поврзани новости