524
Алжирецот Калифа Гедбан си замина од РК Вардар и потпиша со шпанскиот тим Адемар Леон на две години.
Гедбан е уште еден играч на „црвено-црниот“ тим кој ја напушта „Јане Сандански“.
Вардар сепак вчера ја промовираше неговата замена, а тоа е репрезентативниот голман Борко Ристовски.
По заминувањето и на Атман, Криштопанс и Шишкарев, покрајот на сезоната се очекува заминување на уште неколку ракометари од клубот.