799
Поранешниот македонски ракометен шампион Металург нема да го одигра натпреварот со Вардар закажан за вечерва, бидејќи е суспендиран од страна на ЕХФ.
Така, клубот од Автокоманда по суспензијата на евро-сцената, доби забрана за настап и во домашното првенство.
Европската ракометна федерација ја извести Ракометната федерација на Македонија за суспензијата на „металурзи“.
Суспензијата на Металург е изречена поради долгови кон поранешни членови на клубот.
Металург преку својот профил на Фејсбук, попладнево соопшти дека натпреварот со Вардар е откажан, а за утре, клубот закажа прес-конференција.