570
Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да се борат за висок пласман во ракометната СЕХА лига затоа што вечерва иако победија со 24:22 сепак тоа беше недоволно да го елиминираат хрватскиот вице-шампион Нексе.
Битолчани во текот на цел натпревар “бркаа” разлика од првата средба кога загубија со 3 голови разлика, а вечерва поискусниот гостин успеа и да ја сочува стекнатата предност.
Најдобар во тимот на домаќините беше Јотиќ со 5 постигнати голови, додека кај гостите се истакнаа Ќевиќ и Северец со по 4 голови.
Во следното елиминациско коло од ракометната СЕХА лига Нексе ќе се сретне со актуелниот шампион Вардар од Скопје.