68
Екипата на Алкалоид го освои својот прв трофеј во клупската историја. Екипата на Кирил Лазаров помина тежок пат на завршниот турнир во „Борис Трајковски“ и стана освојувач на Купот на Македонија.
Во полуфиналето, Алкалоид славеше над најтрофејниот Вардар, додека во големото финале падна фаворизираниот Еурофарм Пелистер.
За „сино-белите“ од Автокоманда ова беше втор настап на завршниот турнир во Купот на Македонија, откако минатата сезона беа поразени во полуфиналето од Вардар.