Враќањето нема врска со политиката бидјеќи јас не сум политичар. Ова го изјави репрезентативниот голман, Борко Ристовски на прес-конференцијата по повод неговото потпишување со ракометниот клуб Вардар.
– Единствената причина поради која влегов во политиката е да му помогнам на спортот, изјави Ристовски денеска.
Откако го раскина договорот со португалска Бенфика, тој избра да се пресели во европскиот шампион иако помалата финансиска понуда. За него бил заинтересиран и германски Рајн-Некар Левен.
Тој додаде дека не знае што ќе биде понатаму со екипата и како ќе се одвиваат работите.
– Во овој момент знам дека ситуацијата лоша. Имам информации дека некои средства се влезени во клубот, меѓутоа не можам да кажам што точно ќе се случува, посочи тој.
За Ристовски ова ќе биде трет пат како ќе го облече „црвено-црниот“ дрес, откако претходно го носеше од 2001 – 2003-та, а потоа од 2010 – 2012 година.