Ристовски: Не сум комуницирал со Груевски на 27 април

by fokus

Поранешниот министер Спиро Ристовски, како обвинет за „Организирање на 27 април“, во своите завршни зборови истакна дека на 27 април немал комуникација со тогашниот премиер Никола Груевски.

-Обвинителството не презентираше ниту еден материјален или вербален доказ за да докаже дека јас со другите обвинети сум учествувал во подготовка на некаков план. Невозможно е да се изготви план помеѓу група на обвинети кога јас никогаш не сум имал каква било комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски, рече Ристовски, пренесе „360 степени“.

Тој истакна дека со Груевски имал службена комуникација, затоа што во тој период бил заменик министер, но потенцираше дека деновите околку 27 април не комуницирал со тогашниот премиер.

-Значи не само дека не сум имал комуникација на критичниот 27 април, туку и денови претходно и денови после тоа. Исто така и со Миле Јанакиевски на 27 април не сум имал никаква комуникација, а со Трајко Велјановски сум имал разговор на сосема друга тема, истакна Ристовски.

Судењето за „Организаторите на 27 април“ e во фаза на завршни зборови, по што набрзо ќе следува и пресуда.

Поврзани новости