Ристовски: Не е точно дека одвоени избори би чинеле 30-40 отсто повеќе, разликата нема да е повеќе од 10 отсто

by Fokus

Членот на ДИК, Оливер Ристовски ги демантираше пишувањата на медиумите, но и изјавите на претседателот на ДИК Александар Даштевски, дека доколку бидат одвоени изборите ќе чинат 30-40 проценти повеќе. Според Ристовски разликата нема да биде поголема од десет проценти.

„Се провлекуваше во медиумите информацијата за некоја драстична разлика. Во глобала дали изборите ќе се одвоени или партиите ќе се договорат вториот круг на претседателските да бидат заедно со парламентарните, разликата е минимална, не повеќе од 10 отсто“ рече Ристовски во интервју за „Слободен печат“.

Како што објасни Ристовски, најголемиот дел од буџетот определен за изборите оди на фиксните трошоци без разлика дали тие се споени или одвоени, а тоа е платената политичка кампања на партиите и претседателските кандидати, како и трошоците за печатење на изборниот материјал и избирачките списоци. Ристовски исто така демантираше дека ќе се дуплираат трошоците за членовите на Избирачките одбори, бидејќи без разлика дали ќе бидат изборите заедно или одвоени тие ќе бидат платени за два изборни циклуси, бидејќи тоа и ќе спроведуваат.

ПР

Поврзани новости