520
Аналитичарот Љупчо Ристовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека тој смета дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на седницата за уставните измени.
-Власта е свесна дека уставните измени нема да поминат во Собранието, ама играта мора да се доигра до крај. Потоа целиот гнев на меѓународната заедница да се насочи кон ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека и од владејачкото мнозинство се свесни дека нема да имаат двотретинско мнозинство. А, мислам дека и меѓународната заедница е свесна за исходот. Ми се чини дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бојкотираат седницата за уставните измени и нема да присуствуваат, рече Ристовски.