Ристовски и Атанасовски да излезат од „Шутка“ и да одат во куќен притвор, бара обвинителството

by fokus

Екс министерот Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, да бидат пуштени од истражниот затвор „Скопје“, и притворот да продолжат да го издржуваат дома, односно да им биде одреден куќен притвор. Исто така, Миле Јанакисеки и понатаму да остане во куќен притвор. Ова се барањата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, откако денеска поднесоа обвинение за организаторите на насилниот упад во Собранието, што се случи на 27 април.

Со обвинението е опфатен и пратеникот Трајко Вељаноски, но за него обвинителството не бара мерка на обезбедување, најверојатно бидејќи тој ужива пратенички имунитет.

За екс премиерот Никола Груевски кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

Поврзани новости