Ристовски: Бугарија ќе опстои на своите екстремистички ставови, изгледа некој од оваа страна им намигнува

by fokus

Претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски во вечерашното гостување на телевизија 24 вели дека не треба да имаме лажна надеж дека ќе биде подобро во однос на Бугарија. Додава дека наназад Бугарија работела на сите три идентитетски одредници, историја, култура и јазик и за неа не е проблем само историјата.

-За Бугарија е проблем постоењето на македонскиот народ во етнички контекст каков што ние се поимаме. Тоа е наше суверено право и погрешни се основите на кои Бугарија продолжува и изборите ги влечат од спогодбата каде ние сме потпишани дека имаме заедничка историја.
Бугарија ќе си опстои на тие екстремистички ставови. Изгледа некој од оваа страна им намигнува, држете цврсто, а ние ќе ја месиме македонската јавност., смета Ристовски.

Поврзани новости