Пратеничката на СДСМ, Лолита Ристова го обвини пратеникот Златко Пенков од ВМРО-ДПМНЕ дека инфилтрирал насилници при протестите пред Собранието. Таа рече дека едно од приведените лица за немирите е вработен во Општина Неготино.
„Засрамете се вие како претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Неготино којшто инфилтрирате насилници на протестите пред Собранието, тоа не е тајна, тоа е повеќе од јавно. Гласно и јасно кажуваме – тоа е вашиот припадник на вашата партија. Лицето Д.Ј. кое е два во едно на актуелниот градоначалник на Општина Неготино, тоа е лицето насилник кое во моментов извршува функција архивар и технички секретар во Општина Неготино, за да денес биде приведени и таму треба да остане и да биде казнет како што заслужува – рече Ристова.
Претходно, пратеникот Пенков во својот говор на собранискита седница на која се расправа за францускиот предлог, рече дека Информацијата од шест реченици што ја добиле од Владата е најголемо понижување на пратениците досега.